Дикси вдомена во Шведска, сега е инстаграм ѕвезда

Сподели

 

Позитивните искуства со вдомување миленик од ЈП ЛАЈКА доаѓаат и од Шведска. Едно од најмилите кучиња во прифатилиштето на Лајка го најде својот дом во Шведска, благодарение на семејството Бујдоса.

 

 

Тие допатуваа до Македонија неколку пати како би оствариле контакт со Дикси, за набрзо потоа да ја вдомат.

Дикси ужива со своето ново семејство во една од најубавите скандинавски земји, а дека доби дом каков што заслужува и постојано има неизмерна љубов, грижа и внимание, говорат и сликите на нејзиниот личен инстаграм профил.

https://instagram.com/diksiodskopje?utm_medium=copy_link

Нејзиното семејство секојдневно ја споделува својата радост и авантурите со Дикси, но и ги инспирира и поттикнува останатите да вдомат бездомно куче.