Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Димитров: Не може да има пријателство без елементарна почит

Сподели:

 

Бугарските власти имаа навредувачки тонови кон македонскиот народ, на што морав да реагирам, изјави вицепремиерот Никола Димитров во „Топ тема“ на Телма.

„Јас сметам дека не може да има пријателство без елементарна почит. Ставот за овие прашања нема да се смени ниту до декември, нашиот став по овие елементарни прашања нема да се смени ниту идната година, ниту за 7-8 години, ниту за 70 -80 години. Ние сега треба да бидеме уште повеќе возрасни за да не дадеме, бидејќи ние сме надвор од ЕУ, ние сме земја кандидат, да не олеснуваме лоша политика кон нас со невозрасни изјави, невозрасни изјави од нас во моментот ќе помогнат да имаме уште потешка работа и уште повеќе предизвици“- изјави Димитров. 

„Не постојат природни нации на светот, затоа што поимот нација не е врзан со крвта и со ДНК, туку е врзан со еден историски процес што создава чувства на заедништво, поврзан со јазик, со култура. Сите нации се општествени конструкции, сите до една во светот се општествени конструкции…Имаше еден таков испад во еден од овие разговори и јас токму тоа го укажав „дека ова е навредливо за мојот народ.“ Не може да се каже таканаречен, измислен, дека е тоа навредливо, дека тоа не е добрососедски чин, и дека не е инвестиција во добрососедство“- изјави Димитров.

Сподели: