Вести Став Ударни вести

ДОМ: Европските Зелени со силна поддршка за ДОМ на изборите (ВИДЕО)

Сподели:

 

Европските Зелени даваат силна поддршка на сестринската партија ДОМ и нејзините зелени политики за претстојните парламентарните избори. Во пресрет на изборите копретседателите на Европските Зелени, Евелин Хојтебрук и Томас Вајтц се обратија до македонските граѓани.  Европратеникот Вајтц истакна дека Европските зелени се залагаат нашата земја што побргу да ги започне пристапните преговори со ЕУ.

Европските Зелени ја ценат посветеноста на  ДОМ во борбата за заштита на животната средина и климата, за социјална правда, еднакви можности за сите. Тие ќе продолжат силно да го поддржуваат ДОМ и Македонија во спроведувањето на зелените политики, како премин од јаглен кон обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, борба со загадувањето. Или како што во својата порака, на македонски јазик истакнува Хојтебрук :

„ Иднината е зелена“!

Evelyne Huytebroeck, копретседателка на Европските Зелени со силна поддршка кон ДОМ на претстојните избори!

☘ Секогаш ни е драго кога нашите пријатели од Европското Зелено семејство ја препознаваат нашата борба за #ЗеленаИднина!Evelyne Huytebroeck, копретседателка на Европските Зелени со силна поддршка кон ДОМ на претстојните избори!_______#иднинатаезеленаГласај за ДОМ дел од коалицијата #Можеме!Заокружи број 3!

Gepostet von ДОМ am Mittwoch, 8. Juli 2020

Сподели: