Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Донесена е одлука за прогласување кризна состојба во следните 30 дена во целата држава

Сподели:

 

Владата на денешната 95-та седница, која се одржа изутринава, донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена.

Кризна состојба се прогласува при ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси.

Заради операционализирање на Одлуката, Владата донесе заклучоци:

– На Претседателот на државата да му предложи да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Македонија во справување со кризната состојба,

– Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш да започне подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

– Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство со сите останати засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа во Република Македонија да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои можат да се стават во функција за справување со кризната состојба,

– Владата го задолжи Главниот штаб при ЦУК да определи лице за односи со јавност, кое на дневна основа ќе ја известува јавноста во врска со превенцијата и справувањето со пожари на територијата на Република Македонија.

 
Сподели: