Алтернатива Настани

ДПС Трансверзалец Скопје – Салаковски Езера

Сподели:

Салаковски Езера (2.180 мнв), 01. октомври,  ДПС Трансверзалец Скопје

На 01.10.2017, ДПС Трансверзалец Скопје организира искачување на Салаковски Езера (2.180 мнв).

Салаковските езера претставуваат две глацијални езера на планината Јакупица во Македонија кои се наоѓаат на 2180 мнв. Станува збор за две езера кои се единствените постојани езера на овој масив. Наречени се Салаковски Езера (Големо и Мало Салаковско Езеро), а се наоѓаат во месноста Езериња на североисточните делови од Караџица т.е. под врвот Убава. Врвот Убава е на височина од 2.355 мнв. Стартот на акцијата е од селото Црн Врв(1.292мнв).

Програма

07:00 поаѓање од паркингот пред Поштата на Железничка станица – Скопје со организиран превоз;
08:00 -08:30 пристигнување во с.Црн Врв(1.292мнв) и поаѓање кон Салаковски Езера;
12:00 пристигнување на Салакови Езера (2.180 мнв) со можност за искачување на врвот Убава(2.355 мнв);
13:30 -14.00 поаѓање назад кон с.Црн Врв;
16:30 – 17:00 пристигнување во с.Црн Врв и враќање за Скопје.

Напомена:
Учесниците задолжително треба да се водат спрема инструкциите на водачите. Не е дозволено отстапување од програмата без дозвола од организаторот. За искачувањето потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Секој учесник учествува на сопствена одговорност.

Организаторот го задржува правото на измени во програмата во зависност со условите на теренот.

Исхараната е од ранец. Вода треба да се носи задолжително најмалку 1.5л. Учесниците треба да поседуваат планинарска опрема за искачување согласно временската прогноза, разгазени планинарски чевли.

Акцијата ке се одржат доколку има најмалку 10 пријавени учесници.

Превозот е организиран со комбиња од Скопје.

Турата спаѓа во категорија средно тешка.

Цена за превоз: 300 денари

Информации – Зоран Костадинов 070/641-998

Пријавување и набавка на карти за превоз : најдоцна до 29.09.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

 

Сподели: