Драган Мијалковски дочекан со овации во Крива Паланка

Сподели

Со бурни аплаузи, овации и пеење на познатите рефрени беше пречекан од кривопаланчани Драган Мијалковски, кој настапи со целовечерен концерт во рамките на Свечената академија на Општина Крива Паланка, посветена на просветителите „Свети Јоаким Крчовски“ и „Свети Кирил и Методиј.

Бардот на македонската поп-музика ја носеше публиката низ неговата музичка биографија, патувајќи од 70- те години на минатиот век со “Кажи ми”, “Оди си”, “Моја малечка гулабице”, преку популарните евергрини “Кажи нешто драга”, “Гитаро моја”, 223-305″ до хитовите од неговиот нов албум.

Драган Мијалковски, кој по татко е по потекло од во Крива Паланка, настапи во придружба на оркестарот од „Златна бубамара на популарноста“ предводен од Дамир Имери и танчери од студиото Dancers United .

„Публиката, празников и сето тоа беше еден спектакл. А спектакл нема, ако не е срцето и душата кај сите што дошле овде чиста и убава. Оваа позитивна енергија сите не воздигна, не крена практично во една прекрасна хармонија на чувства, на емоции, на дружење, на аплаузи, на слушање познати рефрени на кои запеа и публиката. Крива Паланка е мал град, но беше голем центар на културата“, рече Драган Мијалковски кој јавно ја поддржа кампањата на градот  за купување концертен клавир.

На свечената академија беа прогласени најдобрите просветни работници и најдобрите ученици за учебната 2023/24 година. 

Свечената академија и концертот на Драган Мијалковски е дел од манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”.