Две изложби на Јана Манева-Чупоска во Париз

Сподели

 

На 20 октомври со почеток 17:00 часот во Амбасадата на Северна Македонија во Париз ќе биде  отворена изложбата на Јана Манева-Чупоска „Паришки нацртан филм“. Изложбата се состои од цртежи изработени на цртачка хартија од триесет метри во форма на филмска лента. Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при Меѓународниот резиденцијален центар во Париз (Cite Internationale des arts).

Втората изложба ќе биде отворена на 25 октомври во македонското ателје во рамките на Меѓународната резиденција во Париз (Cite internationale des arts Paris).

Изложбата ќе ја отворат вршителот на должноста во Амбасадата на Северна Македонија во Париз, Рафет Хајдари, и француската уметница Роземан Робино, која е, исто така, моментален резидент во Меѓународниот резиденцијален центар во Париз (Cite Internationale des arts). Јана Манева-Чупоска е редовен професор на Европскиот универзитет и претседател на ДЛУМ.