Вести Македонија Топ теми Ударни вести

ДЗС: Попишани 1.695.549 лица во земјава и 200.000 од дијаспората

Сподели:

 

Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, во земјава биле попишани 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови, информираат од Државниот завод за статистика.

 

 

Преку апликацијата за самопопишување на дијаспората, до утрово во 7:30 часот самопопишани биле 199.819 лица.

Освен тоа што граѓаните можат да бидат попишани во своите домови, за оние лица кои не успеале да се сретнат со попишувачите, Државниот завод за статистика отвори пунктови во општините, каде граѓаните ќе можат да отидат за да се попишат.

Сподели: