ЕдуЛаб со дигитален курс „Примена на ИКТ алатките” 

Сподели:

Развијте ги дигиталните вештини со ЕдуЛаб дигиталниот курс „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (основно ниво)“!

Подгответе се да креирате поинтерактивна, подинамична и поефикасна настава – токму онаква каква што бара современото образование.

Со овој курс ќе развиете:

– Вештини за организирање дигитална настава

– Креативен и интерактивен пристап во предавањето

– Способност за следење и поддршка на ученичкиот напредок

– Стратегии за ангажирање и мотивирање на учениците

Дигиталниот курс „ Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (основно ниво)“ е бесплатен и е наменет за сите едукатори од основните и средните училишта. Посетете ја ЕдуЛаб платформата www.edulab.mk и започнете со учење уште денес!

Оваа активност се имплементира од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Coalition of youth organizations SEGA во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“ – Kinderdorf Pestalozzi.

Сподели: