Алтернатива Статуси

ФБ СТАТУС: БОКИ БУРГИЈА

Сподели:

 

13254079_997930630261111_8346053820893207354_n

Лента не се менуваше само у кино, кога оп у сред филм, ќе се запалеше светло у сала, а на платното пишува менуваме лента. И тоа понекогаш траеше десетина минути. А и овие од Телевизија Скопје користеа кино опрема у почетоците па и тие мењаваа ленти на пола филм. Тамам си се занел у филмот, коа оп менуваме лента. Пцуеш викаш, шнајдери, кројачи, ово оно, пошто увек фалеше кадар или два у другата лента, ама тоа беше, јебига. Иначе, ленти мењаа и касиерките на старите механички роботрони кои пресметуваа колку имаш за плаќање. Тие машини произведуваа специфичен звук, оној на триење на метал од метал, запчаници у спринт, мислиш нешто се дроби у нутра, а ако сметката ти е подугачка, има бе брате да се изначекаш док исфрли лента од километар и сопре да штрака, а на пластичните цилиндри се вртат бројки со износот кој треба да го платиш. Нагоре надоле, лево десно. Е тие касиерки беа вешти у пичку матер, абе бетер од кино оператори беа. Да ги притискаш оние копчиња со тачен број на нули, единици доле, десетки погоре, стотки ушпте погоре илјадарки најгоре, да знаеш да исправиш ако утнеш, да ти летаат прстите по издигнатите тасти, штрак штрук, штрук штрак, и кога ќе стиснеше тотал, оноа копче со ѕвездичка, па со мекото место од дланката ќе акнеше едно големо правоаголно копче десно од тастатурата, демек, вади сметка конечна, ќе воздивнеше и ќе чекаше да излезе сметката со свечено ѕвонење, динг донг, на фиоката од касата, демек се отвара. Чекавме и ние, у ред. Беше гунгула на тогашните каси во супермаркетите пред празници, а посебно пред Нова година. Е, ако у меѓувреме касиерката требаше да смени лента на таа каса, абе тоа беше ритуал за памтење, у најмања рука ко да става филмска трака у најсоврмен кино прожектор… Бев прееска до Рептил, ме пратија, гужва на каса, еден со пуна количка пред мене, уште двајца пред него, а ја со килоипол грозје у кесе, и си помислив на оноа време. Колку ли ќе се изначекав ако овие беа пред мене у тоа време. А сеа, тит тит, тит тит, и оп готово… 🙂 Тенкју…

Сподели: