ШТЕТА: ЈОСИП КОЦЕВ

Сподели

 

josip

Без чувства се будам во градов.
Гледам без очи и спијам без сни.
Ми се чини дека дождот ги
преплавува последните чисти
бетонски површини на срцево
што мирува од љубови и нарави.
Утрово не те познав.
Сонливо се ѕверев во твојот туѓ лик,
дур лебдевме во мала соба,
некаде никаде,
меѓу куп
чајници,
часовници,
романи
и хипи времиња…
Од кои далечни галаксии дојде ти со тие очи?
Кои ѕвездени ветрови ти ја закотвија
душата во тоа кревко човечко тело?
Каква штета, каква штета,
помислив и заспав
во градот во кој се будам без чувства,
гледам без очи и спијам без сни.