Статуси

ФБ СТАТУС: ДАРКО ЛЕШОСКИ

Сподели:

11228520_10206869639850151_7108108385268579187_n

“Зад секоја успешна работничка која е вработена по 64 пени по саат во фабриките кои произведуваат Долче Икебани и Геокси и Бати и Стели Мекартни во Струмица, Гевгелија, Штип, Виница, Битола… А на кои пишува “Маде ин Италу” пред чевелот да се спакува во кутија, стои успешен бизнисмен или претприемач од локално потекло (или странско потекло) мангуп по нашки кој се плаши ко ѓавол од крст од Вмро и прави како тие ќе кажат, кој знае чат пат да се пошегува дека му е поефтино да отвори во дворот на фабриката амбуланта или зад фабриката гробишта затоа што нон стоп работничките или работниците зимно време паѓаат од студ, а летно време од жештина и “забушаваат” и нон стоп каснат, стојат средна работничка класа муштерии од Западна Европа заради кои работи таа фабрика и ги плаќаат еден пар штикли шест или седум пати повеќе од просечната плата на работничката која ги произвела, а која пак е мајка, братучеда, баба по жена, сваќа, на другар сопруга, на колешка од факултет мајка, снашка за братучед…на млад успешен потпросечен партиски вработен административец или функционер кој нема да го прочита сево ова во “The Guardian” зашто повеќето и не знаат англиски, ама затоа се први мртви пувала по сепареа по скопските или провинцијалните дискотеки, на ручеци со газдите на таквите фабрики и позади партиските функционери кога ги претставуваат како нови одлични странски. На нозете? На нозете се со гратис чевли Долче Икебана кои ги немаат ни платено 6-7 пати помалку, ами им се дадени поклон (да стори чест газдата де – пусти страв). Знаеме сите понекои такви. Сме ги имале во генерација, од улица ни се, од маало, од населба…
Ама и тоа не е најстрашното.
Најстрашното е што на крајот тој административец, функционер суптилно “ќе ја подучи” или ќе ја стави на список да гласа за него пак или ќе остане и без таа плата за шест или седум пати пониска од вредноста на чевлите кои тој ги носи, а таа ги сошила…

Разликата во моите генерации кои сега се на власт е иста како и во сите генерации претходно.
Се делиме на дечки кои имаат такви чевли и на оние кои немаат и најверојатно никогаш нема да ги имаат, ама баш никогаш нема да имаат таква кожа…на образ. На образ!
За тоа и нека ви служат!”

Фб статус, Дарко Лешоски

Сподели: