ФБ СТАТУС: ДРАГАН ТАНЕВСКИ

Сподели

dragan-tanevski

“Од свртување поглед си патиме… Да, свртуваме поглед пред неправдите, пред несреќите, пред беспомошните. Свртуваме поглед ко да ни е шинат вратот. Свртуваме поглед ко на другата страна да има нешто поважно. Шарен излог? Дааа. Попуст можеби? Дааа, ехеее сега се е на попуст. И човекот исто е на попуст, мхм. Плати еден – вториот е гратис. А што ако и на другата страна има неправда, несреќа или испружено раче? Каде ќе свртиме поглед тогаш? Во земја, ете така да знаеме. Во земја ќе гледаме. Од товарот на својата беспрекорност ќе ни натежне вратот па надолу ќе гледаме ко да сме изгубиле нешто. Човекот во нас ни испаднал негде. Да не го најде некој?”

Фб статус, Драган Таневски