Ана Попризова: Сите жртви средношколки можат да ми се обратат за психолошка помош

Сподели

 

„По ова што се покажува од содржините во Јавна соба, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош. Ќе направиме мрежа на поддршка!“ – напиша на својот фб Ана Попризова, училишен психолог и гешталт терапевт.

 

 

Ќе направиме мрежа на поддршка! Ве молам споделете“, напиша психологот Попризова на Фејсбук.

„Повикот го пуштив вчера, морав да направам нешто. Во овој момент се нема пријавено ниту еден среднокошколец, што потврдува дека на децата им е срам да зборуваат. Доволно е само да ми пишат порака на месинџер, па ќе се договориме како да комуницираме. Ако немаат услови да зборуваат, ќе се допишуваме, ќе најдеме начин, ќе најдеме и психолози во нивната средина“, децидна е Попризова.