Статуси

ФБ СТАТУС: МАРИНА МИЦИ ТРАЈКОВА – Малку протести, а многу повредени

Сподели:

Вчера го гледав снимките од протестите од 2011та и од 5 Мај, 2015. На тие од 2011 сме сталожени, во исто време енергични, полни со бес а сепак оптимисти. Ама држиме високо ниво на култура при протестирањето. Паролите ги извикуваме на македонски и албански. Тогаш, протестиравме со месеци, немаше ниту еден повреден. На 5 Мај сме далеку пољути, баш затоа што ни се навраќаат спомени од 2011та. И затоа што 6 години не газеле на секаков начин. Одговорноста за тој протест ја сносевме, многу невини луѓе одговараа. Поддржувачите на ВМРО пак, во последните 10 години, протестирале едвај 10 пати. Многу од нив и не знаат против што протестираат. Ама во тие, едвај 10 протести, успеаа да претепаат новинари, и да извикуваат “клети шиптари”. Во толку малку протести, успеваат да го испревртат концептот на протестирањето. Не дека тој концепт ни припаѓа само нам, ама имаме далеку повеќе искуство и стаж за коментирање на истиот. И сето тоа е заради фактот што мислам дека ним не им доаѓа тоа од внатре, туку дека е наметнато. Затоа што до сега, тие не увиделе потреба да се борат против неправда. И затоа, во овие протести нема некој посебен развиток, туку веднаш се скока на најгорната скала, до која ние сме стигнале преку години и години борба со ваков режим.

Фб статус, Марина Мици Трајкова

 

Сподели: