#Ретвитни Оброк е во акција! – 4.март спомен куќа “Мајка Тереза”

Сподели

 

#РетвитниОброк е во акција! 4.март, спомен куќа Мајка Тереза

Наша основна цел е да ја подигнеме свеста во однос на тоа колку храна непотребно се фрла, а може да се искористи и да се направи вкусен оброк за оние кои немаат можност ниту да зготват, ниту се во можност да си купат.

Приклучете се и вие на иницијативата #РетвитниОброк на некој од следните начини:

– Ќе зготвите 3, 5, 10 или колку што можете топли оброци, ќе ги спакувате во алуминиумски кутивчиња и ќе ги донесете во сабота во 12:30 часот кај Спомен куќата на Мајка Тереза
– Ќе донирате намирници (пр. ориз, компир, месо, тестенини..) кои ќе бидат огромна помош за некој што има желба да зготви
-Ќе го сочувате остатокот од вашиот оброк, она што останало од некои прослави и собиранки, ќе го спакувате и ќе го донесете во сабота.
-Ќе ни се придружите на заедничко готвење во петок со почеток од 17 часот, во просториите на црквата Гласност.

Алуминиумски кутивчиња за пакување ќе бидат оставени во портирницата на спомен куќата на Мајка Тереза.

Секој е добредојден да учествува, да помогне и да се инспирира и тој да зготви, ретвитне, сподели храна со оние кои немаат.
За каква било информација, пишете на групата #ретвитниоброк.

Продолжуваме да делиме добар оброк и добра мисла!