Алтернатива Настани

Фестивал на балканската независна сцена – ПРОВОКАЦИЈА

Сподели:

 

 

 
 
Фестивалот на балканската независна сцена – ПРОВОКАЦИЈА, официјално започнува на 27.08.2021 (петок) од 20:00 часот, со претставата на Драган Маринковиќ – Маца, „Каква ти е жената, таков ти е животот“. 
 
 
 
 
 
 
Фестивалот е во организација на ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА, а е под покровителство на општина Гази Баба.
 
Пресот ќе се одржи утре, на 24. август, во 12.30, во просториите на Општина Гази Баба.
 
Селектор на првото издание на фестивалот е Роберт Ристов. Истиот е од натпреварувачки карактер.
 
 
Жири комисијата е во состав: Звезда Ангеловска, Благој Чоревски – Чоре и Мирјана Поповска Ристов. Наградите ќе се додедулаваат на 1.септември 2021година.
 
Ова се и селектитраните претстави: 27. 08.2021 „Какава ти е жената, таков ти е животот“ – Драган Маринковиќ Маца, Сараево БиХ 28.08.2021 „SEX BOMB“ – ПОЗОРИШТЕ ПРИЗОР, Белград; Р.Србија Режија: Раде Вукотиќ Играат: Ѓорѓе Давид, Никола Ивачков, Марија Вељковиќ и Бојана Грабовац 29.08.2021 „Не ми го чепкај пивото“ – Театар ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ, Скопје, Р.С. Македонија, Режија: Ѓорѓи Ризески Надица Петрова, Бобан Алексоски и Давид Илиќ 30.08.2021 „Средба со неочекуваното“ – Tеатар ГЕСТОС / Читалиште Елин Пелин, Софија; Р. Бугарија Режија: Надја Асенова Играат: Славјана Љубомирова, Камен Иванов и Атанас Чопов 31.08.2021 „Јас бремената“ – Театар КЕРЕКЕШ ,Вараждин; Хрватска Режија: Јан Керекеш Играат: Јан Керекеш и Ана Бегиќ Тахири 01.09.2021 „Ожени ме“ -Театар Провокација; Скопје, Р.С. Македонија (OFF PROGRAMA – во чест на наградените) Режија: Роберт Ристов Играат: Избела Јакимова и Бранко Атанасов.
 
 
 
 
 
 
Сподели: