ФФМ до УЕФА: Најстрога казна за националистичкиот испад на Марко Арнаутовиќ

Сподели
 
Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на натпреварот со Македонија, упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
 
 
 
 
 
Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.
 
Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.
 
Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат, соопштуваат од Фудбалската федерација на Македонија.