Филипче: Која Божиновска бара извинување, Бугарката или Македонката?

Сподели:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање во врска со министерката за енергетика Сања Божиновска, рече дека СДСМ се што има кажано е поткрепено со факти и затоа нема простор за извинување. Во одговорот, Филипче посочи и на податоците од документацијата поврзана со нејзиниот ангажман во компании во Бугарија и Хрватска.

„Факт е дека таа работела во фирмата којашто сега ги добила броилата и соработувала со тие луѓе во Србија. Од 2012 до 2014 година управител не вработена, управител на Руднап Бугарија. Понатаму во загребската фирма Руднап 6 ти декември 2013 година таму стои во таа документација тогаш има промена на регистрацијата и таму е идентификувана со бугарскиот пасош и сегаа која Сања Божиновска бара извинувавање? Бугарката или Македонката. Да не бара македонката за бугарката“, рече Филипче.

Оттука, Филипче, во одговорот праша за чии интереси работи министерката Божиновска и дали таа е една од причините поради кои власта го одби предлогот за ограничување на можноста лица со двојни државјанства да извршуваат највисоки државни функции.

„Министерката што има бугарски пасош што кажала дека се произнесува или произведува како кажуваат таму дека е бугарка за чии интереси работи таа жена знаеме ли? За интереси на Македонија или на Бугарија? Таа ли е една од причините зашто го одбија законот за да нема двојни државјанства највисоки државни функции, па да не знаеме за чии интереси работат овие луѓе, луѓе со двојни државјанства“, рече Филипче.

Тој нагласи дека поради сите овие факти СДСМ нема да се извини и порача дека ќе има одговорност .

„Нема извинување. Ние факти кажуваме. Факти, податоци ои ги има во Централните регистри на сите земји, во сите фирми. Така што нема бегање од овие работи. Извинување нема, ама ќе има одговорност и ќе дојде време кога ќе се соочат со одговорност. Да не мислат дека избегаат“, рече Филипче.

Сподели: