Вести Изјави Македонија Статуси Топ теми Ударни вести

Филипче: Најголемиот товар го носат здравствените работници – да ги поддржиме!

Сподели:

 

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот официјален фб профил упати апел за поддршка на здравствените работници.

“Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја. Целиот свет е под огромен притисок. Но, најголемиот товар и натаму го носат здравствените работници и повеќе од сé им е потребна наша поддршка за да се справат со предизвикот пред кој се исправени.

Здравствените работници се нашата надеж во борбата против пандемијата. Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба. Да им помогнеме, тие тоа го очекуваат и заслужуваат. Да покажеме благодарност и почит кон нивната работа.
#ПочитувајМерки #ПомогниИм”

Сподели: