Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Филипче: Не бегам ниту од прашањата ниту од одговорноста

Сподели:

 

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека состојбата со корона вирусот и болничкиот капацитет секојдневно се следи. Во некои градови бројот на заболени се намалува во овој период, а во некои градови константна е бројката на дневна основа и таа се движи од 500 до 600 заболенисе намалува.

Да, има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. Корона вирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90% од сите починати се невакцинирани, изјави министерот.

Во однос на мерките министерот најави дека една од мерките која речиси сигурно ќе биде предложена во месец октомври е барањето сертификат за целосна имунизација, односно примени две дози вакцина онаму каде што сега влез во угостителски објекти или институции е дозволен со една примена доза.

“Не бегам ниту од прашањата ниту од одговорноста. Секогаш сум достапен и транспарентен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира”, изјави министерот Филипче. 

Сподели: