Филипче: Нема отстапки – децата кои се примаат во градинките и училиштата мора да се вакцинирани

Сподели

 

“Нема да отстапиме од тоа сите деца кои се примаат и во градинките и во основните училишта да бидат вакцинирани. Не смееме кога ги имаме сите инструменти во рацете, кога тоа е пропишано со закон задолжително да се даде таа потврда за вакцинација, да замижиме или да направиме пропуст, па да ни се случуваат вакви епидемии со смртни случаи”, – изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.