Филипче реизбран за министер за здравство: Благодарам на сите за досегашната поддршка

Сподели

 

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче на својот официјален фб профил јавно се заблагодари за повторниот избор за министер кој ќе го води здравството. 

 

 

“Денес претседателот на СДСМ и мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев ја поднесе листата на министри, а јас со задоволство прифатив повторно да го водам Министерството за здравство. Да се води здравствениот систем во изминатите три години беше голем предизвик, а особено последните шест месеци откако се соочивме со коронавирусот. Но, јас во ниту еден момент не потклекнав. Работев на унапредување на здравството, подобрување на условите за работа на здравствените работници, условите и грижата за пациентите, единствено во интерес на граѓаните и јавното здравје. Во моментов се справуваме со најголемата светска здравствена криза во последните 100 години и останувам посветен на битката со пандемијата. И токму ова ќе биде еден од најголемите предзивици на новата Влада. Како што истакна претседателот Заев, продолжуваме силно да инвестираме во здравството, со цел да обезбедиме добра здравствена заштита за граѓаните.

„Имајќи го во предвид периодот и состојбата со Ковид-19, новата Влада ќе се посвети на сериозни инвестиции во јавното здравство, за да имаме уште повеќе подготвени капацитети и мотивиран кадар кои ќе се борат против коронавирусот.“ порача претседателот Заев од денешната прес конференција.

Ви благодарам на сите за досегашната поддршка и ви ветувам дека со уште посилно темпо продолжувам понатаму! – напиша министерот за здравство”, Венко Филипче.