Флорин Бесими од ДУИ се откажа од пратеничката функција

Сподели

 

 

Флорим Бесими, братот на Фатмир Бесими кој е нов пратеник од редовите на ДУИ се откажа од функцијата уште пред да влезе во законодавниот дом. 

“Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и волјата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собранието на РСМ, со цел да се избегне можен конфликт на интереси со мојот глас во собранието. Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слободнатата волја на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по предходна консултација и потполна координација со претседателот Али Ахмети“, напиша Бесими во соопштението до јавноста.