Магазин Наука и Технологија Свет

Форбс: 10 најпопуларни јутјубери лани заработиле 300 милиони долари

Сподели:

 

Примамливи видеа кои собираат милиони прегледи, допаѓања и споделувања на интернет е новиот бизнис кој од младите лица може да направи милионери, а Јутјуб им е главниот канал за нивната популарност. Магазинот Форбс проценува дека десетте најпопуларни јутјубери во светот лани заработиле 300 милиони долари, пренесува мета.мк.

Прв на списокот на Форбс е 23-годишниот Џими Доналдсон, којшто на Јутјуб е познат како Mr. Beast. Во 2021 година тој заработил 54 милиони американски долари.

Jake Paul е втор на листата, кој лани од изработените видеа успеал преку Јутјуб да заработи 45 милиони долари.

На списокот се наоѓаат и Markiplier (38 милиони долари), Rhett and Link (30 милиони долари), Unspeakable (28,5 милиони долари), Nastya (28 милиони долари), Ryan Kaji (27 милиони долари), Dude Perfect (20 милиони долари), Logan Paul (18 милиони долари) и Preston Arsement (16 милиони долари).

Дека бизнисот со изработка на популарни видеа на Јутјуб може да донесе заработувачка, показател е бројката дека само тројца од десетте јутјубери лани имале намалување на заработувачката, додека преостанатите или имаат пораст на севкупните приходи или се целосно нови лица на списокот на Форбс.

Магазинот потсетува дека создадените милиони од јутјуберите лани се поголеми од приходите на многу холивудски актерки и актери, спортисти и други јавни личности.

Сподели: