(Фото+Видео) Среќен пресврт на Реал против Севиља, за титула во Супер купот на УЕФА!

Сподели

Европскиот шампион Реал Мадрид стигна до нов пехар во своите витрини.

реал мадрид1

Кралскиот клуб среќно успеа со пресврт да ја победи Севиља во шпанската пресметка во Супер купот на УЕФА и по продолженијата да слави со 3-2 и да го подигне пехарот во ова натпреварување.

Решавачкиот гол во 119. минута го постигна Карвахал.

конопјанка рамос карвахал

Реал Мадрид третпат го освојува пехарот во ова натпреварување, додека Севиља третпат по ред е поразена во овој натпревар.

Реал прв дојде во водство со голот на Марко Асенсио во 21. минута, а изедначи Франко Васкез во 41. минута.

Севиља поведе во 72. минута со голот од пенал на Евгени Конопљанка, откако фаул направи капитенот на Реал, Серхио Рамос.

реал мадрид супер куп

Токму Рамос со голот во судиското надополнување на вториот дел во 94 минута успеа да изедначи и да се избори за продолжение, во кое победничкиот гол го постигна Карвахал.

Следното издание на Супер купот на УЕФА во август 2017 година ќе се игра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.

The post (Фото+Видео) Среќен пресврт на Реал против Севиља, за титула во Супер купот на УЕФА! appeared first on Спорти.


Source: Sporty