На сцената на МОБ ќе настапи светската оперска дива Инва Мула, заедно со нашите истакнати уметници – сопранот Дешира Амети-Крлиу, тенорот Исмет Весели и оркестарот на МОБ.
Под диригентската палка на Иван Еминовиќ и во режија на Дејан Прошев, публиката ќе има ретка можност да ужива во програма која ги спојува бисерите на оперскиот репертоар.
Светски познатата оперска дива, сопранот Инва Мула, интернационалната слава ја стекна со популарниот филм „Петтиот елемент” (1997 година), каде што го позајмува гласот на мистичната Дива.
По потекло од Албанија, таа има блескава меѓународна кариера и настапувала на најпрестижните оперски сцени низ светот, толкувајќи ги главните улоги од врвните оперски дела.
Инфо за програмата во описот на настанот и на www.operabalet.mk


