Единствена изложба во светот со ПМ10 честички на Драган Божино

Сподели

 

Драган Божино  по професија е графички дизајнер, a работи како креативен директор во маркетинг агенција.

Божинов е можеби единствениот уметник во регионот  кој црта со една специфична техника, а тоа е талогот од кафе. До сега реализираше две самостојни изложби во Македонија, а има учествувано на повеќе групни изложби како во земјава, така и надвор од неа, каде неколкупати ги освои првите  места.

 

 

На  интернационалниот фестивал за постери на коj земаа учество уметници од целиот свет  единствениот учесник од Македонија беше Драган Божино кој  се  претстави со  два негови постери со наслов “Life is a movie, death is a photo” и “The health effect of air pollution”.

Она по што се препознаваат неговите постери е тоа што преовладуваат костурите. Дизајните му се концептуални и со многу „длабоки“ пораки, а најчесто инспирирациите ги црпи земајќи во предвид сè околу него, општествено-политичките епизоди, неговиот живот и животот на луѓето, резултатите од сето она за што се бориме и во кое сме вклучени на овој или оној начин.

 

Вечерва, сабота (18-III-2023) во 19:00 часот во просториите на Europe House (Спорти зградата на Нова Македонија) ќе имате можност да  присуствувате на еден вид поинаква изложба со мало изненадување од големи размери.

Поканата вели: “Затвори очи…Но, затвори и нос и уста…Па замисли…Замисли сивило. Тоа е она сивило од воздухот кое ни станува секојдневие и кое опасно без најава и дозвола  навлегува во сите пори од живеењето. Сега дојди и види!”
*Асфиксија* е наслов на неговата најнова изложба, единствена во светот со ПМ честички.

33 уметнички слики  создадени од ПМ10 честички кои се земени од надворешен прочистувач Аеро С, првонаградуван на Еконова2021 и поставен во Општина Центар.

Изложбата е поддржана од кампањата Зелен Договор (Europe House) и Општина Центар.

Да бидеме заедно против загадувањето!

Резервирајте ја оваа сабота за уметноста, виното и добрите звуци!