Гоце Михајлоски: Скептиците мене нека ми објаснат дека „нема корона“

Сподели

 

„Искуството на моето семејство покажа дека вирусот е како руски рулет. Кога ќе влезе во еден дом, не можеш да предвидиш кого и колку ќе повреди. Некој може да помине со лесно, како што беше случајот со мајка ми и сестра ми. Некој може да заврши во болница, како јас, а некој и трагично, како татко ми. Не му посакувам на никого на своја кожа да се увери дека, не само што вирусот постои, туку и дека е крајно непредвидлив и може буквално да убие за неколку дена. Таков беше случајот со татко ми. Тој беше сосема здрав и силен човек на 63 години, а почина единствено како последица на страшното воспаление кое неверојатно брзо му ги уништи белите дробови“, објаснува Михајлоски.

Денес му изгледа неверојатно што по сите пандемиски слики и биланси, дел од луѓето сѐ уште се толку скептични.

„Кој може мене, на сестра ми и на мајка ми, да ни објасни од што почина татко ми, ако ‘нема корона’? Многу ми е жал што луѓето кои не веруваат дека вирусот постои, само поради тоа што не можат да го видат со голо око, не ги почитуваат препораките и на таков начин прво го ризикуваат својот и животот на своите најблиски, а потоа и животот на пошироката заедница. Очигледно тоа е дел од нашиот менталитет, а оваа криза покажа дека тука нема разлика во етничката и верската припадност“, оценува Михајлоски.

Во целост текстот на Дојче веле, можете да го прочитате тука.