ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен попладне вдолж Повардарието. УВ=9.

 

 

Во Скопје и околината ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Идната седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Температурите од петок ќе бидат во постепено опаѓање.