Со Охридскиот Договор не се бара на овој начин да се оствари правичното вработување во јавниот сектор

Сподели

 

“За мене не е толку битно дали некој директор треба или не, од принципиелни причини, да биде разрешен, затоа што не ја извршува наредбата на Премиерот.
 
За граѓаните на Македонија многу поважно е да се утврди одговорноста на тие што повеќе од десет години, злоупотребувајќи ја службената положба, овозможиле ненаменски, спротивно на Уставот и законите, од буџетот, кој се полни од даноците на меѓу најсиромашните граѓани на Европа, да им се исплатуваат плати на илјади граѓани кои, без нивна вина, не доаѓале на работа.
 
Ниту со Охридскиот Договор било можно да се бара, ниту се бара, на овој начин да се оствари соодветното и правичното вработување во јавниот сектор на државата.”
 
Џевдет Хајредини, ФБ статус