Харадинај свика седница на Советот за безбедност на Косово

Сподели

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај за денеска свика редовна седница на Советот за безбедност на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста ја објави службата за информирање на косовската Влада, информирајќи дека по седницата ќе има конференција за медиуми.

– Врз основа на уставните и законски надлежности, премиерот Рамуш Харадинај свика редовна седница на Советот за безбедност на Косово, на која ќе се расправа за општата безбедносна состојба во земјата. По седницата ќе се одржи конференција за медиуми, се вели во соопштението од прес-службата на Владата.