Холандскиот амбасадор Коп: Што правите вие освен што трупате изговори?

Сподели

 

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп упати сериозни критики дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена, не само во политиката, туку и во верските заедници кои што, како што рече денеска, блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската конвенција.

„Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство? Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници?- вели Дирк Јан Коп – Амбасадор на Кралството Холандија, на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“..

„Политичарите и понатаму се бесчујни и сакаат да се фотографираат со свештениците и оџите. И која е пораката за нас? Пораката е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности“, рече амбасадорот. 

Амбасадорот нагласи дека Холандија беше и ќе продолжи и понатаму да биде партнер за регионот на нивниот пат кон ЕУ. Но, „ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме“, додава тој. 

Коп  повторно го оцени Судскиот совекако нелегитимно тело, а со последните измени на Кривичниот законик вели дека се обезбедува неказнивост на високи функцинери и се фрлаат во канта за отпад голем број на случаи поврзани со корупција.