Илина Арсова го искачи највисокиот врв во Индонезија и ја честиташе Новата година

Сподели

Македонската алпинистка, Илина Арсова го искачи врвот Пунџак Џаја, висок 4884 метри, кој се наоѓа во западна Папуа, Индонезија и е највисок врв на континентална Австралија со Океанија.

– Од технички аспект ова беше еден од по предизвикувачките врвови, бидејќи се работи за искачување на карпа со речиси вертикален нагиб и висинска должина од околу 700 метри до врвот. Ова беше 6-тиот по ред во низата на искачени седум врвови на седум континенти, што ги искачувам како дел од мисијата за зајакнување на жените преку спорт. Имено, во светот има само 70-тина жени кои го комплетирале овој светски високогорски предизвик, а досега ниту една од Балканот, изјави Илина Арсова за
“Охрид њуз“.

Експедицијата беше поддржана од Агенцијата на Млади и спорт, Федерацијата на Планински спортови и планинарскиот клуб Трансверзалец, Аџибадем Систина и Бартон сноубордс, како и приватно учество во финансиската реализација.

Илина Арсова засега е единствената жена од Македонија која го искачила Мон Еверест, висок 8848 метри.

На својот фб профил таа им ја честиташе Новата година со порака:

Драги пријатели, со мало задоцнување и уште еден нов врв, ви посакувам среќна и бериќетна нова година. 💝
Врвот Пунџак Џаја или Карстната Пирамида е висок 4884м, се наоѓа во западна Папуа, Индонезија и е највисок за континентална Австралија со Океанија.