Вести Македонија Ударни вести

Исплатени 1.5 милијарди денари надоместок на невработените лица

Сподели:

 

Во 2021 година исплатени се 45,34% од вкупните расходи на Агенцијата за остварување на правата од паричен надоместок на вкупно 26.158 невработени лица

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема Остварување на права од паричен  надоместок“  кај Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и извршените исплати во 2021 година.

Со извршената ревизија, констатирано е дека корисниците на материјално обезбедување тешко успеваат да се прилагодат на промените на пазарот на трудот и да најдат вработување, поради што најчесто користат материјално обезбедување во вид на паричен надоместок до нивно пензионирање.

Ревизорите утврдиле дека во текот на 2021 година, евидентирани се вкупно 17.290 невработени лица корисници на паричен надоместокод кои 62% користат паричен надоместок до 6 месеци и 8.868 корисници на материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, од кои 72% се корисници од 25-60 месеци.

Вкупниот износ на исплатени средства за паричен надоместок и материјално обезбедување во вид на паричен надоместок во 2021 година изнесува 1.5 милјарди денари или 45,34% од вкупните расходи на Агенцијата, за вкупно 26.158 корисници во текот на годината.

 

Grafikon 1

 

Исплатени средства за паричен надоместок и материјално обезбедување

Вкупниот износ на исплатените средства по различни основи низ годините се менувал а особено е зголемен во делот на исплати на паричен надоместок на невработени лица по однос на Уредба со законска сила за време на вонредна состојба во 2020 година како поддршка на лицата кои останале без работа како последица на отпуштање од страна на работодавачите во време на Ковид 19.

 

Grafikon 2

 

Исплатени средства за паричен надоместок

Невработено лице има право на месечен паричен надоместок како материјално обезбедување во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето плата по работник во државата за претходната година, при што вкупниот износ на исплатените средства за материјално обезбедување во вид на паричен надоместок низ годините има тренд на опаѓање, што се должи на намалување на бројот на корисници пред се поради пензионирање или настапување на некој од условите за престанок на правото.

 

Grafikon 3

 

Исплатени средства за материјално обезбедување

Во делот на правната рамка, ревизорите утврдиле одредени недоречености и отсуство на прецизни одредби во Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, кој ги уредува постапката и условите за остварување и престанок на правото на паричен надоместок и тоа во делот на:

  • начинот на пресметка на висината на паричниот надоместок при работа со неполно работно време пресметано во полно работно време;
  • условите под кои невработените лица не можат да остварат паричен надоместоки
  • условите под кои му престанува правото на паричен надоместок на невработеното лице.

Исто така, законите за материјално обезбедување немаат континуитет во нивното носење, имаат ограничен период на поднесување на барање, различни критериуми во поглед на датумот на престанок на работниот однос и работен стаж што влијае на бројот на корисници и на правото кое го остваруваат во различен временски период согласно условите.

Во ревизорскиот извештај е нотирано и отсуство на целосна поделба на надлежностите на вработените вклучени во процесот на остварување на правата од паричен надоместок, поради недостиг на кадар особено во поголемите центри за вработување, што создава ризик воспоставениот систем на остварување на правата од паричен надоместок да не обезбедува точност и навременост на постапката во целост.

Контатиран е и невоедначен пристап на постапување од страна на центрите за вработување при утврдување на правото на паричен надоместок и материјално обезбедување и отсуство на целосна комплетност на документацијата при решавање на постапките за остварување на овие права, што влијае врз утврдување на правото и висината на надоместокот на невработеното лице.

Дополнително, ревизорите утврдиле невоспоставена системска поврзаност за размена на потребните податоци помеѓу Агенцијата и други надлежни институции како и недефинирана соработка со инспекцискиот орган за работни односи, што придонесува за ненавремено обезбедување на податоците за остварување/престанок на правото на паричен надоместок и за корисници кои се работно ангажирани или вршат дејност спротивно на закон.

Покрај заложбата на Агенцијата и нејзиното учество при посредувањето мал е бројот на лицата кои се вработиле во периодот од 2017-2021 годинаособено корисниците на материјално обезбедување.

 

Grafikon 4

 

Ефекти од посредувањето при вработување

Агенцијата нема донесено упатство/постапка за начинот на поврат на искористените средства од страна на корисник на паричен надоместок во случај на настапување на условите за престанок на правото на паричен надоместок, поради што постои не воедначен пристап на постапување од страна на центрите за вработување во постапката за поврат на средства, изготвување на решенија за престанок и евидентирање на побарувања по основ на враќање на средствата.

Сподели: