Вести Македонија Ударни вести

Иванов не става потпис на донесени закони

Сподели:

Претседателот Ѓорге Иванов одбива да ги потпише донесените закони со новото име на државата.

Иванов до сега ги нема потпишано следните закони: Закон за изменување на законот за оперативно-техничка агенција, закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт, Закон за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија, закон за изменување и дополнување на законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, закон за изменување и дополнување на законот за електронскиte комуникации, закон за дополнување на законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.

Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, не ги потпиша и Указите за прогласување на 5 закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 година:

-Закон за изменување и дополнување на законот за данокот за додаде вредност, Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, закон за изменување и и дополнување на закон за субвенционирање на станбен кредит и закон за изменување и дополнување на закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Од Собранието објаснуваат дека по четири вратени закони, праксата продолжила и со сите останати што истите ќе мора да се гласаат уште еднаш. По второто гласање, според процедурата, Иванов треба да ги потпише.

Сподели: