ИВЗ донесе Одлука: Во џамиите нема да се обавуваат масовните обреди

Сподели

 

Исламската верска заедница во РСМ поттикната од општата ситуација создадена во земјата од ширењето на пандемијата предизвикана од вирусот Корона, ја донесе следната:
О Д Л У К А

1. Намазот организиран со џемаат низ џамиите во земјата немаат да се обавува, но муезините се обврзани да учаат езанот во џамиите низ целата земја.
2. Нема да се клања Џума намазот во џамиите низ целата земја и затоа исламските верниците се должни на место џума намазот, во своите домови да го клањаат пладневниот намаз.
3. Во случај на починати како последица од Корона вирусот, погребната цермонија се врши од надлежни органи, додека пак намазот на за починатиот и другите цермонии според Исламскиот шеријат ќе се вршат по погребот. Ова правило важи и за починатите кои евентуално ќе бидат донесени од странство.
** Оваа одлука е задолжителна до создавање на општи услови и околности што ќе и овозможат на ИВЗ да донесе друга одлука.

ПРЕПОРАКИ
1. ИВЗ препорачува исламските верници да ги избегнуваат сите масивни собири.
2. ИВЗ исто така препорачува исламските верници да бидат мирни и во склад со своето верување, да ги следаат препораките на одговорните луѓе, да не стануваат жртви на непотребна паника, бидејќи е поштетна од самиот вирус и може да предизвика непредвидливи последици.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
За да се образложи оваа одлука и овие ставови на ИВЗ во РСМ, пред јавноста претставуваме неколку од нашите аргументи за донесување на оваа одлука врз основа на исламските верски принципи
1. Куранскиот ајет во кој што Алах џ.ш. : „ и не доведувајте се себеси во уништување, туку чините добро… „ (Ел Бекаре 195).
2. Хадисот на Пејгамберот а.с. кои што вели: „ Ако во едно место се појави епидемија, тие што се наоѓаат во тоа место несмеат да го напуштат, додека пак тие што се вон тоа место несмеаат несмеат да патуваат кон него.„
3. Заштитата на здравјето е исламска должност бидејќи сите други Исламски должности се во служба на заштитата на човекот и неговот здравје.
4. Правилото што извира од исламското право гласи: „ Превентивата е подобра од лекувањето„
5. Исто така според Исламското право, Одлуките што се донесуваат од мнозинството, важаат и треба да се применуваат од сите. Во тој правец, бидејќи епидемијата на Вирусот Корона се шири масовно и мерките што се превземаат во правец на спречувањето на епидемијата меѓународно се унанимни, ИВЗ практично ги подржува заедничките одлуки.
6. Во случај кога постојат дилеми од било која природа, одлуката на институциите и надлежните органи е дефинитивна, и ги отстранува сите дилеми.

Реисул-Улема на ИВЗ во РСМ
Х. Сулејман еф. Реџепи