Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Изјавата на Заев донесе ураган од реакции – најпогодена ЛГБТ заедницата

Сподели:

 

Лавина реакции се појавија на социјалните мрежи веднаш по објавувањето на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој, говорејќи за случајот „Рекет” рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, нека ми извини ЛГБТИ заедницатам, педер“ да ја срушат Владата.

„Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа. Верувам во транспарентни, прецизни и брзи истраги и уште еднаш напоменувам дека јас сум човекот кој го пријави случајот, да не биде тоа заборавено. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа влада од власт. Ќе се бориме до крај, секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност“, изјави Заев

Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет за човекови права на нејзиниот Фејсбук профил напиша дека „се што се правело досега било тешка демагогија“.

“НЕ Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости”! – напиша Пировска.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека реакцијата на премиерот е повод за неговата исплашеност:

– Заев е уплашен! Досега немало понервозна изјава на Заев од оваа за мега скандалот “Рекет”! Погодете зошто? – напиша Милошоски.

Сподели: