„Набуко“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет

Сподели:

Во Националната опера и балет, на 30 октомври, со почеток од 20 часот опера Набуко, една од оперите што оставиле силен белег во кариерата на Џузепе Верди и во историјата на оперската уметност.

Борбата за власт, љубовта и копнежот по слобода се испреплетуваат во приказна што и денес ја задржува својата актуелност. Со „Набуко“, Верди создава музичко дело во кое се огледуваат судбината на еден народ, неговата борба и надежта за слобода.

Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а Александар Стефаноски во улогата на Захарие.

Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски. Во изведбата ќе учествуваат и хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Билетарница:078 426 536 ; 02 3118 451, Онлајн: https://t.ly/Nabucco.30.10.26

Инфо за авторската и солистичката екипа во описот на настанот НАБУКО / NABUCCO – G. VERDI и на: www.operabalet.mk

фото НОБ

Сподели: