Алтернатива Настани

Изложба и музички перформанс на Рено РУЛМАН, Франција

Сподели:

 

ОСТЕН продолжува со прегледот на учесниците на претстојното БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2020.

 

 

На 3.септември, во галерија ОСТЕН ќе биде претставен францускиот мултимедијален уметник Рено Рулман со самостојна изложба на графики – цијанотипии „Време е за чај” и музички перформанс.

Циклусот „Време е за чај” е серија на цијанотипии, специфичен фотографски графички процес со кој се продуцираат цијано-сини графики. Како фотограф на аналогна фотографија, Рулман ќе се претстави со 30 цијанотипии – како омаж на оваа техника (1842 г.), преку кои ќе покаже како да се направат копии од растенија како хербариум. Се работи за мешавина од сликарство, фотографија и геометрија. Дополнително, уметникот ќе изведе музички перформанс со генерирање на музика од македонски цвеќиња на отворањето на изложбата.

 www.renaudruhlmann.com

Рено Рулман е роден во Ним, јужна Франција во 1982 и е француски аналоген фотограф од 2008 г., кој има специјализирано на музичка фотографија и архитектура. Во текот на 10 години, тој работи со неколку мизичари, брендови и простори во музичката индустрија и соработува со градители и креатори на стара органска архитектура. Користи стара техника на црно-бели филмови со Хазелблад (Hasselblad) и Контакс (Contax) фото-апарати и е посветен на создавање на цијанотипии со кои создава архива на растенија со кои ја зачувува убавината на природата.

Тој создава и музика од 1998 и со „Звуците на природата” развива проект со кој преку звук се сензибилизира комуникацијата со вегетацијата. Тој создава хербален звук со поврзување на растенија во живо, за да ги прикаже и валоризира терапевтските и медицинските можности на растенијата.

Сподели: