Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Според Адеми учебната година почна нормално – СОНК задоволен од штрајкот

Сподели:

“Во сите региони каде што СОНК има синдикални организации, а буквално има во секоја општина, се почитува одлуката на Советот на СОНК да се пристапи кон предупредувачкиот штрајк и јас сум апсолутно задоволен. Од наши извори дознаваме дека и оние што не се наши членови на многу места се приклучуваат на штрајкот и им благодарам за нивното солидаризирање со нашата организација” – изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Наспроти Неделков, министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска изјави дека не знае во колку училишта се штрајкува, но оти во добар дел новата учебна година почна нормално. Повтори дека нема причина за штрајк и оти Владата работи на подобрување на статусот на наставниците.

– Немам информација во колку училишта се штрајкува зашто уште е рано, но знам дека во добар дел првиот училишен ден се одвива на нормален начин, се организираат приредби и очекувам така и да продолжи, изјави министерот Адеми.

Тој им посака успех на учениците и наставниците во претстојната учебна година, и го повтори ставот дека нема потреба и причина за штрајк кога Владата, како што рече, е силно ангажирана да го подобри статусот на наставниците, нагласувајќи дека од август 2018 до овој септември платите на наставниците се зголемени над 10 отсто со двете покачувања од по пет проценти.

Сподели: