ИЗЛОЖБА: “ИМАГИНАТИВНА ДЕКОНСТРУКЦИЈА” – ДОРОТИ ПАЧКОВА

Сподели

DOROTI PACKOVA

ИМАГИНАТИВНА ДЕКОНСТРУКЦИЈА
30. 08. 2016, 20:00 часот, Кинотека на Република Македонија – Скопје

Деконструктивната индивидуалност во денешниот, постмодерен, општествен концет е неопходна за градењето на душевните состојби на авторот поединец. Авторите на денешницата создаваат под импресија на живото искусување на постоењето и поради ова Ве поканувам да ги доловиме моите лични деконструирања, заедно, преку уметноста.
Отварајќи ги делата, ги разгледуваме условите на нивното создавање, вклучувајќи ги не само културолошкиот дискурс, но и конвенциите и нијансите на манирот во кој се творени и посебностите од севкупниот живот на нивниот автор.
Оттаму произлегува ефикасно, бесконечната комплексност на сликите, што ги прави сите деконструктивистички читања парцијални и прелиминарни. Некои форми на уметничките дела се чини дека се посветени на личниот прогрес на авторот, но и на уживањето при восприемањето на истите од гледачот.

На крај, би Ве замолила да го оставите имагитивниот отпор пред самите врати на галеријата и да повелете заедно да се осознаеме себе си.