Изложба „На работ на зборовите“

Сподели

 

Новата изложба во резиденцијата на ЕУ во Скопје се занимава со јазикот, неговите капацитети и граници. Како дел од активностите на Делегацијата на ЕУ за славење на јазикот, особено на македонскиот јазик и литература, оваа изложба ги истражува вербалната комуникација и изразувањето кое ги надминува зборовите, како што е случај со визуелната уметност, како и нашите емотивни врски со зборовите. Универзални теми за сите јазици – без оглед какви гласови или азбука користат.
 
Во „Работ на зборовите“, организирана повторно во соработка со галеријата Акантус од Скопје, шестмина уметници се претставуваат со свои видувања на зборовите како дел од јазикот, како алатки за комуникација, како средство за образование, но и на комуникацијата која ги надминува зборовите.
 
Славица Јанешлиева, Оливер Мусовиќ, Нехат Бекири, Александра Петрушевска-Ристовска, Анета Попова и Стефан Младеновски всушност ги истражуваат капацитетите и границите на јазикот како средство за изразување.
Влезот е бесплатен. Формулар за регистрација: https://forms.gle/8VjdGtgiEtubA1Kq5