Јанева од притвор дала полномошно предметите на СЈО да се префрлат во ЈО

Сподели

 

До јавното обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно во кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“  ги овластува обвинителите од СЈО да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Според соопштението објавено на интернет страницата на СЈО, имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ за запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување.

Како ќе влијае писмото од притвор на осомничената специјална обвинителка Катица Јанева врз преговорите ќе го разгледува министерството за правда.

Правниците велат дека нејзината наредба е правно неважечка затоа што мерката притвор во основа ја суспендира Јанева од обвинителската функција.