Една може организира Велигденска работилница за деца

Сподели

 

Тимот на Една може и подружницата Младите на Една Може ве поканува на велигденската работилница за деца која ќе се одржи на 25-ти април (недела), со почеток од 12 часот.
 
 
 
 
Сите дечиња до 10 години кои што сакаат преку различни игри и активности да го одбележат празникот Велигден заедно со нас, да се пријават на нашата работилница.
 
Игри и активности:
Бојадисување на велигденски јајца
Боенка
Погоди го зборчето
Загатки со балони
Погоди го вистинскиот пат
Работилницата ќе се одржи преку онлајн платформата ZOOM. Пријавете се на линкот – https://bit.ly/3e90lMS
Неколку дена по пријавувањето на вашата e-mail адреса ќе пристигне потврда на учество, линк и повеќе детали за работилницата.
 
Работилницата е потполно БЕСПЛАТНА а, за следење на истата потребни ви се персонализиран компјутер или паметен телефон, стабилен интернет, микрофон, по можност камера, едно варено јајце и маркери, боици, фломастери со цел да може да работиме!
 
За дополнители информации можете да не контактирате преку порака на нашата Facebook страница или пак на нашиот e-mail адреса: onecanyouth@gmail.com