Алтернатива Настани

Јавна дебата „Мала станица – Минато, сегашност, иднина

Сподели:

Јавна дебата „Мала станица – Минато, сегашност, иднина“, 6.септември, 19-22.00 часот

Потребите од ново архитектонско, ентериерно и техничко уредување на мултимедијалниот објект Мала станица, кој е дел од Националната галерија на Македонија, со цел функционално искористување на просторот, приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметнички дела , иницираат потреба од поширока јавна дебата. Оттука, Националната галерија на Македонија ја повикува стручната и компетентна фела (архитекти, уметници од различни дисциплини, дизајнери, музеолози, историчари на уметност итн.) на јавна дискусија која ќе се одржи во среда, на 06 септември 2017 година, во 19.00 часот, во просториите на Мала станица.

Сподели: