Алтернатива Настани

ЈАВНА СОБА: “Вечер на таленти” – Лица со попреченост ќе ги претстават своите таленти

Сподели:

Јавна соба, 22 јуни

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го организира настанот „Вечер на таленти”, на кој ќе биде претставено видеото работено по сценарио, подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, Марија Михајловска и Ангела Николовска.

Видеото ги прикажува талентите и можностите на неколку студенти со различни попречености и различности, преку нивното активно учество во спортскиот, општествениот и културниот живот.

Во вториот дел од настанот ќе се презентираат таленти на неколку млади луѓе со физичка и интелектуална попреченост, кои за присутните ќе читаат поезија, ќе изработуваат накит, ќе сликаат и ќе имаат музички перформанс.

 

Сподели: