ЈП ЛАЈКА го одбележува Светскиот ден на бездомните животни

Сподели

 

Волонтирањето како дел од активностите на ЈП Лајка има значаен придонес во унапредување на благосостојбата на бездомните кучиња во прифатилиштето.

Со таа цел ЈП Лајка ги кани сите вистински љубители на кучиња на OТВОРЕНИОТ ДЕН во недела на 04.април, од 10:00-14:00 часот, да се приклучат во одбележување на овој ден, како заедно би придонеле за подигнување на свеста за одговорно сопствеништво.

 

 

Поради почитување на пропишаните мерки за КОВИД-19 оние кој ќе сакаат да волонтираат ќе треба да го потврдат своето присуство на volontiraj@lajka.com.mk.