Овој ден да им посветиме особено внимание на бездомните кучиња згрижени во нашето прифатилиште. Сите кои ќе дојдат ќе имаат можност да се едуцираат од нашиот ветеринарен тим, да ги прошетаат кучињата кои се подготвени за вдомување, да излезат на терен со нашиот заловувачки тим и одблиску да се запознаат со нашата работа или да помогнат при капење и чешлање на кучињата.
Преку зголемување на јавната свест и едукација, се трудиме да изградиме култура за хуман третман и вдомување на бездомните кучиња, а со нашите заложби за правни реформи и социјален напредок да го направиме нашиот град прекрасно место за сите живи суштества.


