Изјави Македонија

Јункер: Британија ќе се смета за „трета земја“ ако излезе од ЕУ

Сподели:

 

Велика Британија ќе биде третирана како „трета земја“ доколку излезе од Европската унија предупреди претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во интервју за францускиот весник „Монд“.bb

– Доколку Британците на 23 јуни гласаат против останувањето на земјата во ЕУ, животот во државата нема да се одвива како досега. Обединетото Кралство ќе треба да прифати да биде третирано како трета земја, која нема да биде милувана по главата. Доколку Британците ја напуштат Европа, ќе треба да донесеме соодветни заклучоци, и ние и тие – рече Јункер.

Претседателот на Европската комисија рече дека тоа не се закани туку реалност која ќе произлезе од новите односи кои повеќе нема да бидат исти.

 

Сподели: